Аудио

14 април, 2018

Ники Минаж се враќа со две нови песни

Освен што се враќа на сцената со нов материјал, се чини дека Ники Минаж се враќа и кон корените, односно на стилот карактеристичен за почетокот од нејзината кариера. Имено, хип-хоп кралицата деновиве објави две нови песни со кои го најавува долгоочекуваниот, четврт по ред студиски албум, а судејќи по кусата најава за новото видео, ѕвездата повторно им се наврати и на шарените перики и костими.

Претстојната екранизација е за темата „Barbie Thingz“, за која се претпоставува дека ќе биде прв официјален сингл од новото издание, а другата песна е насловена „Chun-Li“ и стигна со видео снимено со телефон, каде што пејачката се снима себеси додека пее во просторија со пригушено розово светло. Двете песни можете да ги слушнете во продолжение, а веднаш потоа погледнете ја и најавата за новото видео. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑