Свет nicki-minaj

4 март, 2013

Ники Минаж подготвува нов албум и модна линија

Како што пишува магазинот Idolator, познатата раперка Ники Минаж минатата недела одржала прес конференција по повод претстојната модна линија која ќе се продава во ланецот на продавници Кеј-Март. Во таа прилика раперката најавила дека снима нов албум во Лос Анџелес, додека трае снимањето на шоуто „Американски Идол“, а наскоро ќе се појави и видео запис за песната „High School“ во која гостува Лил Вејн.

 



Врати се горе ↑