23 декември, 2014

Ники Минаж објави мини-филм за албумот „The Pinkprint“

Ники Минаж објави краткометражен филм по повод неодамна објавениот, трет по ред, студиски албум „The Pinkprint“, во кој разработува теми за љубовта и раскинувањата. Во филмот можат да се слушнат 4 песни од новиот албум и тоа „All Things Go“, „The Crying Game“ со Џеси Вер, „I Lied“ и „Grand Piano“.

Филмот го режираа Тејлор Коен и Франческо Кароцини, а се појавуваат и моделот Вили Монфрет и актерот Борис Кодџо. Ова интересно визуелно остварување можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑