27 октомври, 2012

Ники Минаж не запира!

Фамозната рап кралица Ники Минаж не запира. Неодамна го промовираше видео записот за „The Boys“ која беше во соработка со Кеси, а веднаш по него и „Come On a Cone“. Најново од Минаж е видео записот за синглот насловен „Va Va Voom“ кој како и обично е интересен и несекојдневен, а за разлика од другите, овде има за секој по нешто. Овој пат Ники влегува во светот на бајките, не изостануваат и разнобојните перики во секоја сцена, а за да биде поинтересно, во спотот се појавуват и еднорози.

Нејзиниот албум „Pink Friday: Roman Reloaded–The Re-Up“ заедно со ДВД издание се закажани за 19ти ноември. Како и да е, Ники не престанува да нè изненадува. Погледнете го видео записот за „Va Va Voom“.

 



Врати се горе ↑