Настани nicki_minaj_mtv_ema

30 септември, 2014

Ники Минаж ќе биде водителка на eвропските музички награди на „Ем-ти-ви“

Музичкиот канал „Ем-ти-ви“ денеска објави дека водителка на претстојното доделување на eвропските музички награди ќе биде хип-хоп ѕвездата Ники Минаж, која воедно е и првиот потврден изведувач на манифестацијата која ќе се одржи на 9 ноември во Глазгов. Само две недели пред објавувавањето на нејзиното долгоочекувано трето студиско издание „The PinkPrint“, Ники ќе го води најголемото годишно музичко доделување на награди кое ги слави најактуелните изведувачи на денешницата. Оваа веста Минаж ја објави на своите профили на Твитер и Инстаграм: „Не само што ќе настапам, туку доделена ми е и мошне важната улога на ВОДИТЕЛКА!“

Покрај честа да го води и да настапи на јубилејното 20-то доделување на овие награди, пејачката може да се пофали и со четири номинации и тоа во следните категории: „Најдобра изведувачка“, „Најдобар хип-хоп изведувач“, „Најголеми фанови“ и „Најдобар изглед“. Гласањето во сите категории се одвива на веб страната на www.mtvema.com и ќе трае до сабота, 8 ноември, во 23.59 часот, а манифестацијата ќе биде пренесувана во живо на сите канали на „Ем-ти-ви“ ширум светот, на 9 ноември (недела) со почеток од 21.00 часот од салата „Д хајдро (The Hydro)“ во Глазгов.

Извор: MTV



Врати се горе ↑