17 ноември, 2014

Ники Минаж ја претстави „Bed Of Lies“ и дел од новата соработка со Дејвид Гета

Хип-хоп ѕвездата Ники Минаж ја претстави својата нова песна насловена „Bed Of Lies“, која премиерно ја изведе  на доделувањето на неодамнешните европски музички награди на „Ем-ти-ви“, каде што се појави и во улога на водителка. Пејачката и раперка со потекло од Тринидад и Тобаго, за оваа песна соработуваше со колешката Скајлар Греј, а по неодамна обајвената „Only“, „Bed Of Lies“ е уште една најава за претстојното трето студиско издание „The Pinkprint“, закажано за 15 декември.

 

Покрај подготовката на својот материјал, пејачката повторно соработуваше и со познатиот диџеј и продуцент Дејвид Гета, а песната насловена „Hey Mama“, ќе се најде на новиот албум на Гета. Оваа  е трета соработка за популарните музичари кои претходно ги снимија темите Turn Me On и Where Them Girls At“, но овој пат им се придружија и колегите Афроџек и Биби Рекса, односно Блета Реџа, која по потекло е од Дебар, Македонија. Како ќе звучи нивната заедничка песна можете да слушнете најгоре.

И.Ј.



Врати се горе ↑