19 октомври, 2012

Ники Минаж и „Момците“

Фамозната раперка со потекло од Тринидад и Тобаго веќе подолго време е главна тема за озборување во Америка, особено заради нејзиниот ексцентричен стајлинг и несекојдневните видео записи и настапи на музичките настани. По огромниот успех на нејзиниот последен албум „Pink Friday”, големите хитови „Super Bass” и „Starships”, овој пат во соработка со Кеси го издадоа синглот „The Boys” (Момците). Токму за тој сингл, кој не се сомневаме дека ќе стане хит како и останатите нејзини песни, снимија еден „шеќерен“ видео запис.

Косата обоена во розови, зелени, жолти и сини нијанси и овде не изостанува, сепак тоа е дел од имиџот на Ники. Познато е дека рап артистите Џеј Зи и Фокси Браун имаат најголемо влијание врз творештвото на Минаж, така што сите љубители на тој музички жанр сигурно ќе уживаат во нејзината музика. Погледнете го видео записот за „Момците“.

 

 

 



Врати се горе ↑