Аудио next time

10 јули, 2014

„Никад никада не умире“ е новиот сингл на „Некст тајм“

Како што беше најавено, братското дуо составено од Стефан и Мартин Филиповски, „Некст тајм“ изминатиов период работеше на својот прв сингл со кој ќе се обиде да се пробие на балканската сцена, а благодарение на Боки 13, во тоа им помогнаа познатите српски автори Марина Туцаковиќ и Дамир Хајдановиќ. Токму овој тандем се потпишува на музиката и текстот на песната насловена „Никад никада не умире“, која беше претставена денеска, а како звучи можете да слушнете во продолжение.

 

 



Врати се горе ↑