17 ноември, 2015

Ник Ниџо дебитира со „Таа што ја чекам“

„Таа што ја чекам“ е насловот на првата песна од штипјанецот Ник Ниџо, кој е веќе искусен кантавтор, но дури сега почнува да ги објавува своите дела. Ниџо е, како што самиот вели, „бенд од еден човек“, а својот стил го опишува како модерен поп-фолк. Покрај Македонија, досега настапувал и во Србија, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Австралија, Канада, изведувајќи различни стилови на музика.

Неговото првенче е објавено заедно со видео запис, а како изгледа и звучи „Таа што ја чекам“ можете да погледнете горе. Инаку, Ниџо можете да го следите на Фејсбук, Твитер, Пинтерест, Гугл + и Јутјуб, како и на неговата официјална веб страна.



Врати се горе ↑