Настани ImageProxy

3 јуни, 2013

Ник Кејв на Егзит 2013

Неприкосновениот крал на алтернативниот рок, Ник Кејв за прв пат на Exit ќе ги изведе своите најголеми хитови, на радост на армијата негови обожаватели – на кои годинава им го подари одличниот албум на неговата матична група Бед Сидс, насловен „Push The Sky Away“, кој светската критика веќе го оцени како едно од најдобрите изданија оваа година.

Ник Кејв и Бед Сидс се една од најзначајните појави на рок сцената во последните 30 години. Енергичниот рокерски, а сепак високо стилизиран настап на  Кејв, не го остава рамнодушен сѐ поширокиот круг публика уште од 1983 година. Станува збор за уметничката магија на единствената природа која во себе ги сплотува театралноста на еден Дејвид Боуви, рокерската експресивност на еден Иги Поп и поезијата на мрачната страна од животот на еден Лу Рид.“ – изјави Драган Амброзиќ, програмскиот селектор на главната фестивалска бина.

Секој негов концерт е посебно интензивно доживување за кое потоа долго се зборува, а историјата на неговите појавувања во нашите краишта е добар пример за ова тврдење. Таков дел од градските локални легенди кој сѐ уште се прераскажува е неговиот митски прв настап во 1990 во белградскиот СКЦ, во моментот кога беше на пресвртница од излегувањето од андерграунд рамките кон општата слава. Многу години подоцна, концертот на Ник Кејв и Бед Сидс во белградската арена во 2008 е избран од страна на критиката во Србија за најдобар странски концерт на годината. Конечно, гостувањето на неговиот гаражен рок проект Grindermen на Exit 2011, останува во сеќавање како еден од најексплозивните настапи на сите времиња на главната сцена.

На Exit 2013, Ник Кејв ќе ѝ се придружи на актуелната Р:Еволуција на главната бина, во недела, 14-ти јули изведувајќи ги своите најпознати песни од сите делови на пребогатата кариера, покрај неизбежното претставување на новиот албум. Во исчекување на настапот на Кејв, слушнете некои од неговите најголеми хитови:

 

Станете дел од EXIT Р:Еволуцијата, присуствувајте на незаборавните концерти и засекогаш понесете со себе дел од фестивалската атмосфера. На тврдината ве очекуваат Atoms For Peace, Bloc Party, CeeLo Green, David Guetta, Fatboy Slim, Snoop Dogg aka Snoop Lion, The Prodigy, Chase & Status & Rage, Diplo, DJ Fresh live, Dubfire, Eric Prydz, Jeff Mills, Pan-Pot, Rudimental live, SBTRKT, Seth Troxler, Ана Поповиќ, Delilah, Eyesburn, Feed Me, Gregor Tresher live, Mathew Jonson live, Prong и многу други.

Поради огромниот интерес и големиот број луѓе кои не успеаа за себе да го обезбедат екипното доаѓање на фестивалот и можноста со 4 купени влезници да добијат уште една бесплатно, EXIT одлучи акцијата „Со екипата на EXIT“ да ја продолжи до петок, 7-ми јуни до полноќ! Сите посетители на фестивалот се повикани да земат учество во оваа акција која се однесува само на петдневните комплет влезници кои сѐ уште се во продажба по актуелната цена од 3.580 денари.

Сегашната актуелна цена на петдневните влезници за претстојниот Exit фестивал со 50% попуст изнесува 3.580 денари и можете да ги купите во продажната мрежа на МКтикетс (Југотон – Скопје, ГТЦ, прв кат). Ве потсетуваме дека сите посетители на Аква Парк фестивалот во Македонија, со приложување на влезниците од овој фестивал добиваат дополнителни 10% попуст за фестивалските влезници за Exit. Овој попуст можете да го искористите најдоцна до 10-ти јуни или додека трае залихата.

Сите дополнителни информации можете да ги најдете и на официјалната страница на Егзит Фестивалот.



Врати се горе ↑