23 мај, 2013

Ник Кејв и Франц Фердинанд на Сигет 2013

Неодамна уште неколку големи имиња ја прифатија визата за Островот на слободата! Легендрниот Nick Cave и неговите The Bad Seeds, како и најпопулрниот алтернтивен бенд на новиот милениум, Franz Ferdinand, ќе настапат на Главната поп-рок сцена на Сигет 2013! 

Останати нови најавени имиња се и  ,,!!!” односно ,,Чк чк чк” – денс панк составот од Сакраменто, Noisia – трикратните победници на Beatport Music Awards за Best Drum’n’Bass Act и Timbuktu е еден од најголемите шведски хип-хоп и реге артисти. Тие им се придружуваат на останатите досега објавени имиња, а во следните недели се очекуваат уште многу нови најави.

Ник Кејв

Поет, писател, провокатор, рок ѕвезда. Сè што ќе направи тој, е значајно и остава трага, дури и кога не прави ништо; било да е целосна тишина или сонична експлозија со полн волумен! Му прилегаат перфектно и нежни балади и монументални епски песни. Неговите изданија и даваат дефиниција на музичката ера; тој создава и распушта бендови, а сè што ќе допре го претвора не во злато, туку во безвременски монолит. Во еден момент можете да го видите со сензационални бркчиња, а веќе во следниот како ја враќа славата на фините костуми и тоа во комбинација со пар каубојки…. Ник Кејв е секогаш хармоничен дури и кога е “раштиман”: со The Bad Seeds секогаш свесно се доближува до “неправилното”, но на крај сите ноти завршуваат токму таму каде што треба да бидат. Во моментот кога Nick Cave и Bad Seeds стапнуваат на сцената, целиот надворешен свет престанува да постои. И така… ќе можеме да ги видиме и на Сигет оваа година каде што ќе го презентираат нивниот долгоочекуван нов албум Push The Sky Away- модерен и енергичен, но сепак типичен Ник Кејв албум!

Франц Фердинанд

Фуриозни и незапирливи, смели, луди, валкани поп икони кои можат да го доведат до експлозија секој фан пит простор. Ова се обележјата наFranz Ferdinand, бендот од Глазгов, кои го направија еден од најпопуларните британски бендови на новиот милениум и кои му донесоа огромен број музички награди. Уште од нивниот прв албум па сè до денес, момците ниту еднаш не отстапија од нивниот неодолив, динамичен и уникатен инди рок кој секогаш ги остава и критиката и фановите воодушевени. На Сигет ќе го презентираат својот нов, четврти по ред, сè уште необјавен албум Right Thoughts, Right Words, Right Action.

Досега објавени имиња

NICK CAVE & THE BAD SEEDS, BLUR, FRANZ FERDINAND, ALEX CLARE, SKUNK ANANSIE, DIE ARZTE, BIFFY CLYRO, DIZZEE RASCAL, REGINA SPEKTOR, SKA-P, SEEED, MIKA, !!!, ENTER SHIKARI, EDITORS, END SHOW presented by: DAVID GUETTA, AZEALIA BANKS,CHASE & STATUS live, THE JOY FORMIDABLE, NINA KRAVIZ, JOHN DIGWEED, CHRIS LIEBING, DEICHKIND, OSCAR MULERO, BLAUDZUN, NERO, NICKY ROMERO, AFTERHOURS, SEBASTIAN INGROSSO, BOOKA SHADE live, LEFT BOY, MONOPHONA, PAROV STELAR BAND, EMPIRE OF THE SUN, BOYS NOIZE live, EROL ALKAN, FELIX CARTAL, SPLENDID, JOZIF, GUY J, CHUCKIE, BAT FOR LASHES, FEED ME (DJ set), TIMBUKTU, NOISIA, TOTALLY ENORMOUS EXTINCT DINOSAURS, FLOGGING MOLLY, EVERYTHING EVERYTHING, HOFFMAESTRO, MICHAEL KIWANUKA, DUB FX, BAD RELIGION, WAX TAILOR, TRIGGERFINGER, DONOTS, dOP, LITTLE BOOTS, WOODKID, PETER BJORN & JOHN, SKIP&DIE, RANGLEKLODS live, HADOUKEN!, GESAFFELSTEIN, KATY B, THE CRIBS, NETSKY live, TAME IMPALA, CAMO & KROOKED (DJ set), ZAZ, THE BOTS, CSIK BAND AND FRIENDS, LA PEGATINA, DUBIOZA KOLEKTIV, MOANA AND THE TRIBE, TAKO LAKO, RACHID TAHA, PANNONIA ALLSTARS SKA ORCHESTRA, WARSAW VILLAGE BAND, PARNO GRASZT & LATCHO DROM, EMIR KUSTURICA & THE NON SMOKING ORCHESTRA, CALEXICO, SHUTKA ROMA RAP, DAKHABRAKHA, LENINGRAD, MOKOOMBA, SONDORGO, CANKISOU, KABATRONICS (FANFARA TIRANA MEETS TRANSGLOBAL UNDERGROUND), BESH O DROM AND GUESTS, FIGLI DI MADRE IGNOTA, R.U.T.A. …



Врати се горе ↑