Свет Beyonce-Ne-Yo-03122011

12 декември, 2012

Ни-Јо пишува песна за Бијонсе

Како што пишува магазинот Idolator, по настапот во емисијата Satruday Night Live, американскиот музичар Ни-Јо изјавил дека наскоро ќе ѝ се придружи на неговата колешка Бијонсе во студио. Како што се приближуваме до крајот на годинава, дознаваме сè повеќе за новиот петти по ред студиски албум на дивата. Односно, дознаваме од сите, освен од неа. Прво младиот пејач Мигел кој постави слика со Бијонсе од студиото каде што снимаа, потоа продуцентот The-Dream неодамна најави дека нов сингл ќе биде издаден уште пред почетокот на февруари следната година, а сега и Ни-Јо исто така потврдува дека ќе работи со пејачката на следното нејзино издание.

„Кој знае, можеби ќе добиеме уште еден хит како што беше „Irreplaceable“. Зошто да не?“ – изјавил пејачот, кој е коавтор на песната која Бијонсе ја издаде во 2006 година.

 



Врати се горе ↑