4 февруари, 2015

„Ничим изазван“ со видео запис за новиот сингл „Бо бо бом“

Српскиот состав „Ничим изазван“ го објави видео записот за новиот хит сингл „Бо бо бом“, кој беше премиерно прикажан на 2 февруари на регионалниот канал „Ем-ти-ви“.

„Песната ’Бо бо бом’ стана хит и без официјална студиска снимка. На концертите токму таа предизвикува најдобри реакции кај публиката! Нејзината екранизација беше сосема логичен избор… Повторно соработувавме со сега веќе редовните соработници од продукцијата ’Бим видео’, кои одлично го препознаваат нашиот и сензибилитетот на нашата публика“, велат членовите на бендот по повод објавувањето на новиот видео запис, кој можете да го прегледате горе.



Врати се горе ↑