23 септември, 2014

„Ничим изазван“ го објави видео записот за „Рекла је:“

По објавувањето на албумот првенец, составот Ничим изазван“ најчесто е опишуван како бескрајно шармантен и весел бенд со заразни мелодии кои пленат, а публиката многу брзо ја препозна енергијата која овој состав ја носи со себе. Веднаш по завршувањето со работата во студио, групата замина на промотивна турнеја низ Црна Гора и домашните фестивали, а некои од најсветлите моменти од настапите одржани во текот на летото се сумирани во видео записот за синглот „Рекла је:“, кој премиерно беше емитуван вчера (понеделник, 22 септември) на MTV.

Членовите на овој сè попопуларен состав тврдат дека без публиката со која имаат одлична интеракција и од која добиваат само позитивни реакции, нивните настапи не би биле тоа што се: „Во текот на летото имавме мошне голем број на настапи… Секој концерт беше подобар и поенергичен, благодарение пред сè на одличната публика на која ѝ се заблагодаруваме со тоа што ѝ доделуваме главна улога во видео записот за песната ’Рекла је:’, снимен во соработка со нашите пријатели од ’БИМ видео продукција’“.

„Ничим изазван“ можете да ги следите на Фејсбук и на ЈуТјуб, а како изгледа нивниот нов видео запис можете да видите горе.



Врати се горе ↑