10 јули, 2017

Ни „Ту челос“ не останаа имуни на „Despacito“

Од самото објавување во јануари годинава, мегахитот на порториканските музичари Луис Фонси и Деди Јенки полека го освои светот, добивајќи и бројни преработки. Меѓу нив се најдоа и неколку наши имиња, како што се Виктор Апостоловски, дуото „Риплеј“, и Филип Божиновски, а она што дефинитивно нè изнанеди сите е дека преработка направија и момците од хрватското дуо „Ту челос“.

Шулиќ и Хаусер, кои во моментов се актуелни со филмскиот албум „Score“, барем засега имаат една од најуникатините верзии на „Despacito“, а како звучи сето тоа во нивна изведба можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑