Свет 288448-neyo-and-celine-dion

13 март, 2013

Ни-Јо и Селин Дион снимија дует

Ни-Јо е доста зафатен во изминативе неколку месеци; работи на новите албуми на Бијонсе и Џесика Санчез, а сега повторно соработува со еден од најдобрите вокали во светот, Селин Дион. Имено, Ни-Јо соработувал со Дион за нејзиниот последен албум во 2007 година, а неодамна за британскиот Digital Spy изјавил дека повторно соработува со познатата дива, но овој пат ќе снимат дует: „Беше предизвик да се пее заедно со Селин. Се обидував да сфатам што воопшто правам таму, зошто им требаше мојот глас кога го имаат нејзиниот?“

Тој додал дека е многу почестен, но пеењето со неа го навело да се посомнева во неговите вокални способности. Дион сè уште има беспрекорна изведба што може да стави во сенка голем број веќе докажани изведувачи. Нејзиниот претстоен албум се очекува на есен, а наводно ќе го носи насловот „Water and a Flame“.

 

Извор: Idolator



Врати се горе ↑