9 октомври, 2015

Ни-Јо го препеа познатиот хит „Friend Like Me“ од анимираниот филм „Аладин“

Популарниот американски музичар Ни-Јо сними своја верзија на познатиот хит „Friend Like Me“, кој во Дизниевиот анимиран филм „Аладин(1992) го пее ликот на Духот, чиј глас го позајми трагично починатиот холивудски актер Робин Вилијамс. Имено, Ни-Јо, Џеси Џеј, Џејсон Деруло, Гвен Стефани, Аријана Гранде и уште неколку други изведувачи се собраа на едно место да ги отпеат своите омилени хитови од легендарните Дизниеви филмови, а албумот насловен „We Love Disney“ ќе биде објавен на 30 октомври.

Ова издание е снимено за американскиот пазар, а претходно се снимени уште две други верзии – во 2013 година за Франција и во 2014 година за Австралија. Покрај песната од Ни-Јо, објавена е и темата Ev’rybody Wants To Be A Cat од филмот „Аристократски мачки“ (1970), во изведба на Чарлс Пери.

 И.Ј.



Врати се горе ↑