Балкан

19 февруари, 2019

„Нежни Далибор“ го објави видеото за „Не мислим“

Еднаш сфатив – длабоко во себе се кријам. Некаде застанав, но длабоко во себе сè уште одам“, вака гласат стиховите од новата песна на бендот „Нежни Далибор“ насловена „Не мислим“, за која деновиве беше претставено и видео. И не застануваат… одат сè понатаму…

Со белградскиот концерт, кој го одржаа кон крајот на 2018, заокружија една епоха во работата на бендот – го прославија 10. роденден со албумот „Средства и вештине“. Својот звук и тогаш го засноваа врз сè што сметаат дека е витално во рокенролот – од психоделиите на шеесеттите години до современите влијанија. Со многу повеќе вештини, искуства и пројдени километри. Како што и самите велат во новиот сингл: оди понатаму!

Песната „Не мислим“ е снимена во студиото „Змај“ во Белград, продукцијата ја потпишува Каспар Вијнберг (поранешен „Сејнтс“), додека мастерингот е правен во студиото „Статински“ во Холандија. Дигиталното издание на песната е достапно на бендкемп-страницата на бендот, како и на платформите „Дизер“ и „Спотифај“.

„Не мислим“ визуелно ја доловија актерите Милош Влалукин и Маја Николиќ, под режисерската палка на Рашко Миљковиќ, а како изгледа и звучи сето тоа дознајте во продолжение.

 

„Нежни Далибор“ зад себе има четири студиски албуми: „Средства и вештине“ (2008, Одличан хрчак), „Нормалан живот“ (2011, Одличан хрчак), „Нежни Далибор“ (2013, самостојно издание) и „У слојевима“ (2017, Одличан хрчак).



Врати се горе ↑