Концерт

12 март, 2019

Незапаметен интерес за концертот на Лозано

„Задоволство ни е да ја споделиме со Вас актуелната состојба околу концертот на Влатко Лозаноски во Скопје. Имено, како што и очекувавме, интересот е навистина огромен. Влезници купуваат обожаватели од сите генерации, од најмлади до најстари и истите се продаваат речиси во сите градови од Македонија. Па така, очекуваме салата да биде исполнета до последно место со фанови кои навистина долго очекуваа да го видат својот миленик таму каде што му е местото, на голема сцена и со солистички концерт во Скопје“, соопштија од „Авалон“, кои се организатори на овој славенички концерт на Лозано.

Влезниците се во продажба преку продажната мрежа на „Авалон“ низ Македонија и онлајн на www.avalon.mk по цени што се движат од 500 до 1.000 денари.

НЕЗАПАМТЕН ИНТЕРЕС ЗА ПРВИОТ СОЛО КОНЦЕРТ НА ВЛАТКО ЛОЗАНОСКИ ВО СКОПЈЕ!РАСПРОДАДЕН ПОЛОВИНА ОД КАПАЦИТЕТОТ ВО ВИП…

Gepostet von Avalon Produkcija am Montag, 11. März 2019

Како загревање за претстојната дружба со неговите верни обожаватели, кичевскиот славеј вчера ја претстави својата нова песна „Мајко“, која веднаш наиде на позитивни критики кај македонската публика. Лозано веќе забележа неколку успеси на самиот почеток на годинава, освојувајќи  две „Златни бубамари“ за пејач на годината и хит на годината (Јако, јако), а се закити и со Оскар на популарноста во Бања Лука, како еден од најпопуларните изведувачи во регионот.



Врати се горе ↑