Концерт

12 декември, 2017

Незаменливиот Мишо Ковач на концерт во Скопје

После долги 20 години, македонската публика конечно добива можност да ужива во песните на легендарниот хрватски пејач, Мишо Ковач.  Како што најавуваат организаторите на скопскиот концерт, „Прагма продукција“, на 17 февруари 2018, во Скопје, во ВИП арената „Борис Трајковски ќе се случува вистински концертен спектакл.

Во месецот на виното и љубовта, домашната публика за последен пат во Скопје, во живо ќе може да ги слушне омилените: „ Ти си песма моје душе“, „Остала си увјек иста“, „Један дан живота“, „ Aко ме оставиш“…

 

Името и песните на хрватската неповторлива музичка ѕвезда кај нас им се познати на многу генерации и токму затоа присуството на неговиот последен концерт за музичко збогување со публиката во нашата земја треба да биде задолжително за сите љубители/фанови на единствениот Мишо Ковач.

Билетите за мега спектаклот ќе бидат пуштени во продажба од среда (13.12.2017), преку продажната мрежа на kupikartizase.com, „Пола Југотон“, „Југотон“ и „Розе“ – Веро 2.

 

Со оглед на неговата енормна популарност и хитовите кои ги создава уште од далечната 1972 година, во февруари во Скопје нè очекува емотивно музичко збогување со легендата. Концерт кој ќе нè врати во едни убави времиња, концерт кој ќе нè развесели, но и ќе ни ја разнежи душата.



Врати се горе ↑