Свет r-kelly-national-anthem-ignition

31 март, 2015

Невообичаени петиции поврзани со музика

По најавата дека Канје Вест ќе настапи на познатиот британски фестивал „Гластонбери“, многумина сметаа дека на познатиот рапер не му е местото таму, така што петицијата на change.org ја потпишале преку 125.000 луѓе. Но, покрај оваа, во изминатите неколку години се потпишувале и бројни други петиции поврзани со различни музички ѕвезди. Британски „Њу мјузикл експрес“ (NME) направи листа од најчудните и невообичаени петиции, а за што сè се давале потписи, прочитајте во продолжение.

Не дозволувајте да се вратат ’Никлбек’“

Во 2014 година, Крег Мандел започна кампања на „Кикстартер“ за канадскиот бенд да не доаѓа во британската престолнина. 60 луѓе ја поддржаа оваа идеја донирајќи вкупно 228 фунти: „Се надевам дека парите ќе одат за добротворни цели, а не во нечиј џеб“, се пошегувал Мандел.

 

„Да се подигнат споменици за Леми и Слеш во Стоук-он-Трент“

Басистот на групата „Моторхед“, Леми е роден во Бурслем, недалеку од местото каде што израснал Слеш од „Ганс ен роузис“. Токму тоа била причината за Најл Пламб да започне петиција за подигнување на статуи познатите музичари. Поддршка дале околу 5.000, но за жал, петицијата била одбиена.

 

„Боно да се ’пензионира’ од јавниот живот“

Оваа петиција била започната во 2008 година, а целта била едноставна: фронтменот на „Ју-ту“ да престане со „лошите напори за филантропија“ и да се пензионира предвреме. Со оглед на тоа што бендот продолжи со работа, веќе на сите ни е јасно дека Боно нема намера да се повлече.

 

„Да се направи метрото во Њујорк за музика“

По распаѓањето на групата „Ел-си-ди саундсистем“ (LCD Soundsystem), Џејмс Марфи започна петиција минатата година откако властите во Њујорк ја одбиле неговата идеја, здодевните звуци од системот на метро станиците да бидат заменети со електронски звуци кои можат да формираат мелодии.

 

„Депортирајте го Џастин Бибер и одземете му ја зелената карта“

„Би сакале да го депортирате и да му ја одземете зелената карта на опасниот, несовесниот и деструктивен зависник од наркотици, Џастин Бибер“, пишуваше во предлогот на веб страната на Белата куќа, којшто собрал приближно 274 милиони потписи, но администрацијата на претседателот Обама сè уште не дала коментар околу оваа петиција.

 

„10 милиони долари за да се распадне групата ’Визер’“

Џејмс Брнс очиглено многу ги мрази „Визер“ (Weezer). Тој во 2010 година започна петиција со надеж дека ако успеат да соберат 10 милиони долари, бендот од Лос Анџелес ќе си ги спакува интрументите и заскогаш ќе исчезне од музичката сцена. Брнс напиша: „Ве преколнувам, Визер, земете ги нашите пари и исчезнете“, на што тапанарот на групата, Патрик Вилсон, одговорил: „Ако успеете да соберете 20 милиони, ќе се распаднеме“. Петицијата собра само 350 долари.

 

„’Ignition’ на Ар Кели да биде националната химна на САД“

Оваа кампања, лансирана во 2013 година на веб страната на Белата куќа, успеа да собере дури 12.395 потписи. Во барањето било наведено дека администрацијата на Обама треба да признае дека им е потребна нова национална химна, која звучи свежо и после цела деценија од создавањето.

 

Коњот, којшто го клоцна Дапи, да добие награда за ’Значаен придонес во музиката’ на британските музички награди“

Во 2013 година, британскиот рапер Дапи (Dappy) заврши во болница откако еден коњ го удри во лицето, а 9.121 лице ја поддржало иницијативата животното да биде наградено за неговиот труд и особен придонес во музиката.

 

„Ози Озборн да добие титула витез“

Од гризење на глава на лилјак до констатно псуење, фронтменот на „Блек сабат“ не е баш соодветно друштво за кралицата, но откако петицијата за да биде прогласен за витез собра преку 21.000 потписи, „Принцот на темнината“ изјавил дека се согласува со тоа. Останува уште да се согласи и кралицата.

 

„Бијонсе и Џеј Зи да ја исчешлаат косата на нивната ќерка Блу Ајви“

Оваа петиција, која Џезмин Толивер ја лансирала на change.org, била само шега, но откако собрала 5.758 потписи, сепак работата станала малку позериозна. Во кампањата се вели дека „вознемирувачки е да се види дете да страда од недостаток на влажност на косата“.

 



Врати се горе ↑