31 мај, 2013

Невидено „Déjà vu”: Нов музички проект „Лидија“

Лидија (Lidia), новиот музички проект предводен од мултиталентираната Светлана Вуковиќ, деновиве го претстави првиот видео сингл насловен „Déjà vu“. Песната настана како плод на успешната соработка на Светлана со продуцентот Душан Алагиќ и спротивно од нејзиниот наслов, таа претставува нешто што сè уште не е видено и вовед во идните песни со подеднакво несекојдневен сензибилитет.

Екранизацијата на песната во која се појавува актерот Милош Анѓелковиќ ја реазилизраше искусната екипа на продукцијата Identity & Djolo videos, а свој придонес во ефектниот видео запис (горе) имаат и ценетите музичари со богато искуство стекнато со бројни балкански музички ѕвезди.

Лидија е името на уметничката инспирација на Светлана Вуковиќ, а настанало од желбата за музички израз кој надобро би ја претставил. Музиката како нејзина најголема страст, после бројните години на различни експресии – пеење и компонирање за Саша Ковачевиќ, Бојан Маровиќ, Неда Украден, Северина, Лексингтон Бенд, Џенан Лончаревиќ… и пишувањето текстови за музика, како и соработките со разни имиња од музичкиот свет, сега добива индивидуален печат и Лидија станува второ име за нејзината уметничка потрага по себеси.

Музиката која ја твори е збогатена и стои во корелација со други видови уметности со кои се занимава од мали нозе (актерство, сликарство, применета уметност), така што Лидија станува и потрага за своевидна уметничка синтеза.

Светлана Вуковиќ е родена на 29-ти ноември 1983 година во Ивањица. По завршувањето на гимназиското образование, продолжува на Учителскиот факултет во Белград, каде што и денес живее. Откривањето на нови патишта по кои ќе тргне и нови начини на кои ќе се изрази е резултат на постојаното зголемување на нејзините музички страсти.



Врати се горе ↑