27 ноември, 2012

Неверне Бебе го објавија спотот за „Судниот ден“

Српската група Неверне Бебе деновиве го промовираше видео записот за четвртиот сингл од албумот „Праштам“, а тоа е нумерата „Судњи дан“. Спотот е снимен во пештерата Петиниќ, во близина на Ваљево, а во спотот се појавува и Иван Настиќ, физичар и спелеолог, првиот србин кој има стигнато до досега познатото дно на планетата Земја, (а притоа да не е океанско дно) на длабоична од 2080 метри.

Овој видео запис е вовед во новите активности на бендот кои ќе бидат насочени кон обележувањето на 20 години постоење, па целата следна година ќе помина во знакот на овој јубилеј. Планираат да одржат дваесет големи концерти и кулминација во белградската Арена со бројни гости, седми алвум со нови, но и некои стари песни, аранжмански изненадувања, прво ДВД издание во кариерата, промоција на новата веб страница на бендот и бројни награди за најверните фанови.

 Погледнете го видео записот за „Судниот ден“.

Извор и фото: Tracara.com



Врати се горе ↑