Балкан 5599_468573413232202_609614033_n

27 јуни, 2013

Невена од Моје 3 снима песна со Александра Ковач

Невена Божовиќ, која како дел од групата Моје 3 ја претставуваше Србија на годинешниот Евросонг во Малме, најави дека наскоро ќе пристигне нејзиниот нов сингл „Погледај ме“, за кој соработува со Александра Ковач, пренесува спрски Курир. Божовиќ е пресреќна што автор на композицијата е една прославена и реномирана музичарка.

„Многу сум среќна и почестена што својата нова песна ја работам со една толку голема уметница и музичарка како што е Александра Ковач. Песната е насловена „Погледни ме“, синоќа го завршивме снимањето и многу сум возбудена.“ – изјавила Невена, додавајќи: „Не би сакала многу да откривам, но ќе ви кажам дека не станува збор за балада. Официјалната премиера на песната ќе следи наскоро, па веројатно ќе ја слушнете најдоцна за две недели.“

Невена беше една од финалистките на музичката емисија „Првиот глас на Србија“, а со нејзиниот моќен вокал ги освои симпатиите и на жирито и на бројната публика. Со оглед на тоа што Александра Ковач е извонредна музичарка, несомнено дека од оваа соработка ќе произлезе одлична песна.



Врати се горе ↑