23 јуни, 2015

Невена Нешкоска сними „Песна за гаќичките“

Откако ја освои македонската публика со синглот „In Love“, Невена Нешкоска деновиве го претстави својот нов сингл со толку заразен ритам што сигурно е дека ќе биде летен хит! Станува збор за темата насловена „The Panties Song“ (Песна за гаќичките), чиј автор е самата Невена, продукцијата ја потпишува Гарет Билоу (Garrett Beelow), миксот е на Фил Грајс (Phil Greiss), a мастерингот го направи Крис Фаур (Chris Faur) во „Пулс аудио мастеринг“ (Pulse Audio Mastering), додека видео записот го реализираа „Бленд кенди колектив“ (Bland Candy Collective), Грег Стивен Реј (Greg Stephen Reigh), Еби Јанг (Abby Young) и Кевин Веселка (Kevin Veselka).

„Песната е доста заразна, провокативна и пожива во споредба со претходната. Се надевам дека ќе Ви се допадне“, вели Невена, а како звучи нејзината „Песна за гаќичките“ ќе дознаете горе. Уживајте!

И.Ј.



Врати се горе ↑