Аудио 10920949_789085044460906_91975871122067169_n

24 февруари, 2015

Невена Нешкоска – Македонка за која допрва ќе се слуша

Невена Нешкоска е млада и надежна музичарка, која полека но сигурно го освојува целиот свет. Талентираната охриѓанка живее и работи во Чикаго, САД, каде што се пресели со семејството кога имаше само 8 години. Започнала да пишува музика во 2011 година, а под псевдонимот НЕВ досега има објавено повеќе песни, кои можете да ги преслушате на сервисот „СаундКлауд“. Најновото музичко парче насловено „In Love“, кое е комплетно нејзино авторско дело, а оркестрациите ги направи Михаи Ристеа од Романија, можете да го слушнете во продолжение.

 

За нејзините досегашни успеси и идни планови можете да прочитате во неодамнешното интервју за „Факултети.мк“.

Извор: Факултети.мк / Фотографија: Фејсбук



Врати се горе ↑