Балкан 1506878_562278160528393_357976127_n

24 декември, 2013

Невена Божовиќ ја претстави новата песна

По учеството на овогодишното издание на Евровизија, кога во шведскиот град Малме ја претставуваше својата земја заедно со останатите две членки на групата Моје 3, надежната српска пејачка Невена Божовиќ  го претстави својот прв сингл, за кој соработуваше со познатата музичарка Александра Ковач. Темата насловена „Погледај ме“ доживеа голем успех, а деновиве Невена, која се прослави со учеството во наптреварот „Првиот глас на Србија“, ја објави и нејзината втора песна. Станува збор за баладата насловена „Знам да ноћас губим те“, чија музика и текст ги потпишува Душан Поповиќ, а е објавена под етикетата на продуцентската куќа „Прва Рекордс“.

Песната беше премиерно изведена во емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑