Балкан nevena-bozovic

15 јули, 2013

Невена Божовиќ го сними првиот видео запис

Како што Ви пренесовме неодамна, младата и надежна српска пејачка Невена Божовиќ ја сними својата прва песна насловена „Погледај ме“, која ја направи докажаната музичарка Александра Ковач. „Александра ја познавам со години, ме бодреше и во ’Првиот глас на Србија’, но и додека учествував на детските фестивали. Ми беше голема чест да соработувам со неа и со Роман Горшек, кои беа задолжени и за аранжманот и за музичката продукција. Тие се извонредни уметници“ – изјавила Невена за српски Новости.

За оваа тема Невена го сними и својот прв видео запис кој ќе биде претставен наскоро, а моментот го овековечила и самата Ковач која на својот Инстраграм профил ја прикачила следната фотографија пишувајќи: „А за овој ден да биде потполн, следуваше и снимањето на првиот сингл на прекрасната и талентирана Невена Божовиќ! Песната „Погледај ме“ и нејзиниот врвен вокал ќе Ве остават без здив! Наскоро!!!“

Невена навистина има одличен вокал, а Вие можете да се потсетите на една од нејзините изведби за време на „Првиот глас на Србија“, кога пејачката чиј идол е нашиот легендарен Тоше Проески ја отпеа македонската народна песна „Зајди, зајди“.

Извор и фото: Трачара



Врати се горе ↑