Балкан elemental5411247

17 ноември, 2012

„Неустрашиви“ е новиот сингл на Елементал

Еден од најактивните бендови во регионот, хрватската група Елементал веќе неколку недели вредно работи во студио подготвувајќи го материјалот за новиот албум кој треба да излезе на пролет, следната година. Веќе стигна и првиот сингл, а тоа е песната „Неустрашиви“. Во врска со новата песна, пејачката Реми изјави:

Новиот сингл ’Неустрашиви’ го одбравме заради сите ние кои понекогаш се наоѓаме на работ, па погледнуваме во бездната и скокнуваме во неа… На сите ни треба малку повеќе храброст. Барем на еден ден да бидеме свои суперхерои. Кога ја пишував оваа песна, размислував за неа како за некоја своја лична мантра која ме охрабрува. Мене ми успеа, а се надевам дека и на слушателите ќе им даде некоја дополнителна сила да ги победат стравовите кои ги парализираат.

Новата песна покажува и во кој правев ќе се движи бендот со новиот албум, а како што до сега е познато, бескомпромисните текстови и понатаму остануваат заштитен знак на Елементал. Во продолжение преслушајте го новиот сингл.

Извор: mtv.rs



Врати се горе ↑