Аудио elena p

6 октомври, 2017

„Нешто“ е новата песна на Елена Петреска

„Нешто“ е насловот на новата песна на Елена Петреска, со која пејачката се наптреваруваше на годинашниот „Макфест 2017“, но за жал не успеа да се пласира во финале. Баладата е резултат од соработката со шведските композиторки Илва и Линда Персон, кои се погрижија за музиката и аранжманот, а стиховите се дело на Елена Ристеска.

Песната е објавена токму на каналот на двете Швеѓанки, во придружба на текстуално видео и фотографии од неодамнешната фотосесија на Петреска, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑