Промоции

24 април, 2019

Нешо ќе го промовира првенчето „Балканизам“

Најавен со истоимената песна, деби-албумот „Балканизам“ на велешкиот рап-уметник Нешо ќе ја доживее својата промоција на 10 мај во пивницата „Паб“ во родниот Велес. Музичарот и член на хип-хоп групацијата „Авторизација“ на претстојниот настан премиерно ќе го претстави и видеото за дуетот со својата колешка и сограѓанка Валери Димовска „Ќе биде“.

„Верувајте ми, спотот е премногу богат (се мисли на сторија, артисти, глумци, музичари и спортски шампиони кои на македонската јавност ѝ се многу познати и сите тие се дел од спотот) и не пропуштајте да го изгледате спотот и не пропуштајте да бидете дел од оваа промоција! Јас, Нешо, лично се изјаснувам дека вечерта на 10 мај имам премногу изненадувања за сите гости што ќе ја направат оваа промоција посебна!“, откри Нешо.

Освен Валери, на албумот гостуваат и колеги како што се Кацар, Влади Ортографија, Кискинов, Авторот и Бојан, како и матичната екипа „Авторизација“, а продуцент на материјалот е Темелко Андреев.

„Сè што сакаме да склопиме таа вечер на 10 мај е прекрасна дружба под отворено небо заедно со диџеј Попај зад грамофоните…. Ќе имате можност од таму поставениот штанд да си изберете и по некоја маичка или дуксер ’БАЛКАНИЗАМ’ изработени квалитетно од македонскиот бренд ’REVOLUTION’!“, пишува во соопштението за промоцијата, а за сите новости следете го настанот на Фејсбук.

Што имаа да кажат повеќето соработници за ова соло-првенче на Нешо, дознајте во продолжение.



Врати се горе ↑