Аудио

9 јули, 2019

Нешо, Кискинов и Авторот имаат заедничко „Влијание“

Велешкиот рапер Нешо го претстави најновиот и последен сингл од неговиот прв самостоен албум „Балканизам“ што го промовираше во мај годинава. Станува збор за темата насловена „Влијание“, за која силите ги здружи со колегите Кискинов и Авторот.

„Овој звук е нешто што ќе ве запрепасти ! Премногу топол звук кој доаѓа од Велес па продолжува до Струмица… Уживајте и се гледаме на ’Д фестивал’ во Дојран на 13 јули во сабота на сцената ’Москито’“, порача Нешо.

„Влијание што лечи му посветувам внимание, и да сум депресивен да ме крене ко востание“, рапува велешанецот во својот најнов сингл, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑