Несекојдневна преработка на „Billie Jean“ од Мајкл Џексон
Иако датираат од пред четириесетина години, хитовите на „Кралот на поп музиката“ живеат и до ден денес. „Thriller“, „Smooth Criminal“, „Beat It“ и многу други песни сè уште се неисцрпна инспирација за музичарите ширум светот кои често прават свои верзии и преработки на истите. Но, иновативните Данци Ботл Бојс (Bottle Boys) сето тоа го пренесоа на едно поинакво ниво користејќи шишиња наместо инструменти.
Нивната најнова преработка е токму хитот „Billie Jean“ од Мајкл Џексон, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.
На оригиналната верзија можете да се потсетите во продолжение.