Свет

6 август, 2018

Непознати детали за смртта на Рој Орбисон

Во деветтата сезона на телевизискиот документарец „Аутопсија: Последните часови на…“ (Autopsy: The Last Hours of…), се откриваат малку познати подробности за животот и смртта на музичарот Рој Орбисон.

Еден од пионерите на рокенролот имал прилично возбудлив живот, но многумина не знаат дека, покрај животните трагедии, имал и тешко нарушување во исхраната. Во емисијата се открива дека Рој имал тешки нарушувања на исхраната, кои му создавале зависност и довеле до прераната смрт на американскиот пејач, кој починал на 52-годишна возраст.

Патологот Мајкл Хантер вели дека Орбисон бил опседнат со својата тежина, со секој килограм, а дополнително на нарушувањето му влијаело загубата на сопругата и двете деца. Тој тогаш целосно се фокусирал на работата. За да изгледа добро на сцената, тој по консумацијата на брза храна се изгладнувал до изнемоштување.

Такво варирање во тежината несомнено преставувало огромен напор за неговото срце“, заклучува патологот. Десет години пред смртта на рокерот му е вграден троен бајпас. На сето тоа веројатно влијаеле и семејните трагедии. Рој ја загубил својата прва сопруга Клодет Фрејди во 1966 година, кога таа загинала во сообраќајна несреќа, а неговите два сина пак, настрадале во пожар во нивниот дом во Тенеси, во 1968.

Рој Орбисон ќе биде запомнет по хитовите: „Only the Lonely“, „In Dreams“, „Crying“, „I Drove All Night“, „Running Scared“, „You Got It“ и „Oh, Pretty Woman“. Иако почина пред точно 30 години, благодарение на модерната технологија, Орбисон наесен ќе ја започне својата турнеја низ Северна Америка во форма на холограм. Претходно, во слична форма настапија покојните легенди Тупак Шакур и Мајкл Џексон.



Врати се горе ↑