Аудио 9too5i

21 септември, 2013

„Neon Lights“ е новиот сингл на Деми Ловато

Од четвртиот студиски албум „Demi“, кој американската пејачка Деми Ловато го претстави во мај годинава, како трет сингл ќе биде објавена темата „Neon Lights“, која е одлична денс нумера и сосема соодветен избор за сингл. Иако оваа вест не е официјално потврдена, веројатно е точна со оглед на тоа што издавачката куќа Холивуд Рекордс деновиве ја стави оваа песна на нивиот профил на SoundCloud, каде што вообичаено ги најавува следните синглови на своите екслузивци.

Во продолжение слушнете како звучи „Neon Lights“.

Извор: Idolator



Врати се горе ↑