Настани 1002694_10203522116714492_5416258680423387210_n

17 април, 2014

Неон Флеш журка со настап на диџеј Скази

На 10 мај 2014 година со почеток во 23 часот во Експо Центар во Скопје ќе се случи уникатна журка наречена Неон Флеш, досега невидена за скопската и македонската публика. На журката ќе бидат промовирани специјални светлосни и визуелни ефекти каде во преден план ќе се истакнуваат неон боите. По тој повод ќе бидат обезбедени боди-арт уметници кои на посетителите ќе им цртаат најразлични апликации, а сите посетители со самата купена карта ќе добијат и неон светкави стикови кои ќе придонесат за поголеми неон ефекти.

За журката да биде уште поголема, обезбеден е настап на еден од најголемите имиња на електронската сцена, воедно и миленик на македонската публика – диџеј Скази. Израелскиот диџеј кој на сцената е од 1998 година, ќе ја забавува македонската публика со неговиот шаренолик диџеј сет составен од електроника, пси-транс, дабстеп, хаус и електророк. Интересно е тоа што неговата музичка кариера ја започнал во панк рок бенд уште во 1990 година, но во 1996 година го напушта бендот и решава да создава музика за поширока маса, не откажувајќи се од звуците на рокот, панк рокот, и гитарските елементи кои провејуваат во повеќето негови траки.

 

Картите се пуштени во претпродажба во 1/2 Југотон и дистрибутивната мрежа на Купи карти за сè по промотивна цена од 300 денари до 7 мај, потоа ќе бидат по цена од 400 денари. Предвидени се и ВИП влезници кои се по цена од 500 денари. Настанот е во организација на Сан Продакшн.

 



Врати се горе ↑