22 април, 2014

Неочекуван пресврт за Аврил Лавињ: Погледнете го „Hello Kitty“

Само што помисливме дека конечно созреа, канадската пејачка Аврил Лавињ денеска навистина нè изненади со нејзиниот нов видео запис за песната „Hello Kitty“ која се најде на актуелниот петти студиски албум кој го носи нејзиното име. Иако ја запознавме како изведувач на поп панк, поп рок и алтернативна музика, 29-годишната пејачка реши да експериментира и со други стилови, како што во случајов е дабстеп. Американските медиуми го опишаа новиот видео запис како „најлошото нешто што ќе го видите оваа недела“, нагласувајќи дека на песната работеа дури четири автори, меѓу кои и нејзиниот сопруг и фронтмен на Никлбек, Чед Кругер. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе.

 



Врати се горе ↑