Аудио

8 февруари, 2017

Нена Мицева е хит на „Јујтуб“

Почна со препејување на светски хитови што ги објавува на „Јутјуб“, а ќе продолжи со снимање свои песни и настап на македонските фестивали. 18-годишната Нена Мицева полека, но сигурно е на пат да ја освои македонската музичка сцена, а позитивните реакции за прекрасните преработки се мотив повеќе да продолжи да се занимава со музика.

„Се стремам кон нешто поголемо, работам на своја авторска песна и во иднина публиката може да очекува многу од мене“, открива талентираната скопјанка, која зад себе веќе има и победа на фестивалот „Езерски бисери“.

15578693_200715210335162_3201890644547571745_n

„Најмногу се пронаоѓам во баладите, тие се мојата страст и овозможуваат да се истакнат гласовните способности и емоциите. Затоа и моите први преработки беа балади. Публиката ја препозна мојата искреност, што резултира со многу прегледи на ’Јутјуб’“, додава Мицева, чии преработки се резултат од соработката со веќе етаблираното музичко име од нашата сцена, познатиот пејач и музичар Дарко Илиевски.

Таа исто така освои пакет песна и видео запис на конкурсот што го организираше продуцентот и режисер Даниел Јовески, со кого наскоро ќе започне со работа.

14591692_180079212398762_4898409788441089602_n

Додека ја очекуваме првата авторска песна на Нена, уживајте со нејзините одлични преработки и дознајте зошто стана хит на „Јутјуб“!



Врати се горе ↑