31 јануари, 2018

„Немој веќе да ме чекаш“ е новата песна на „Трио џентлмен“

После одличната преработка на „Молитва“, поп-оперското „Трио џентлмен“ го сними второто видео во својата кариера, овој пат за песната насловена „Немој веќе да ме чекаш“. Станува збор за авторско дело на реномираните музички творци Григор Копров (музика), Огнен Неделковски (текст) и Владимир Дојчиновски (аранжман), додека за визуализацијата се погрижи екипата на „Дел рио филмс“, на чело со режисерот и сценарист Александар Николоски.

Официјалната промоција се случи во неделата, 28 јануари, во МНТ, а што сработила оваа одлична екипа можете да дознаете горе. Уживајте!

 



Врати се горе ↑