Настани 5_1_akcija_april

23 април, 2014

Немаш карта? Имаш пријатели!

Оваа година на ЕГЗИТ АВАНТУРАТА заминува цело друштво! Од 23 април до 25 мај, или до истекот на залихите во рамки на акцијата, секоја екипа од пет луѓе кои заедно ќе ги купуваат влезниците за ЕГЗИТ или ЕГЗИТ авантурата добиваат шеста влезница гратис за уште еден член од друштвото. И тоа не е сè: покрај една бесплатна влезница во рамките на пакетот, сите во друштвото добиваат по една влезница за РОК@ЕГЗИТ фестивалот, кој ќе се одржи на 11 јуни на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, со „Квинс оф д Стоун Ејџ“ (Queens Of The Stone Age) како хедлајнери!

Собери ги петте најлуди членови на друштвото и шестиот оди бесплатно! Цената на влезниците за ЕГЗИТ изнесува 3.580 денариа за ЕГЗИТ АВАНТУРА 4.320 денари. Сите учесници на акцијата кои на време ќе се регистрираат добиваат и бесплатни влезници за РОК@ЕГЗИТ фестивалот. Регистрацијата ќе се спроведува од 1-јуни преку линкот www.gigstix.com/qotsa .

Влезниците можете да ги купите на продажните места на ЕГЗИТ фестивал во Македонија, поточно во продажната мрежа на МКтикетс и Југотон (Скопје, ГТЦ, прв кат).

Сега е можноста да го искусиш незаборавното лето! Пет другари, РОК@ЕГЗИТ фестивал, четири незаборавни дена на Петроварадинска тврдина и уште три дена на плажата Јаз во Будва, доколку се решите да заминете на возбудливата ЕГЗИТ авантура! Најдобриот провод на твојот живот може да почне!

Петнаесеттото издание на најдобриот европски фестивал е во знак на големата осумдневна ЕГЗИТ АВАНТУРА која нè води на РОК@ЕГЗИТ фестивалот на 11 јуни 2014 година на Петроварадинска тврдина во Нови Сад, на ЕГЗИТ фестивал, кој на истото место се одржува од 10 до 13 јули, како и на СИ ДЕНС фестивалот од 15 до 17 јули на плажата Јаз, една од најубавите плажи на Јадранот.



Врати се горе ↑