Настани 78b3842b-efae-41a7-b348-602e089994e4

14 март, 2017

Нема застанување! На „Егзит“ стигнува нов ѕвезден бран со „Јирс енд јирс“ и „Лост фрикуенсис“

Британската сензација „Јирс енд јирс“ (Years & Years), која со брзина на светлината го освои светот во изминатите неколку години, штотуку го потврди настапот на главната бина на фестивалот „Егзит“ во петок, 7 јули! Ова лондонско трио светските медиуми едногласно го прогласија за еден од најдобрите нови бендови, додека славниот магазин „Њу мјузикл еспрес“ (NME) ги нарече „најважниот поп бенд на 21. век“. Зад себе веќе имаат распродадени арени и настапи на најголемите светски фестивали, а до појавата на уште една од ѕвездите на „Егзит“, Рег-ен-боун мен (Rag’n’Bone Man) и неговиот албум „Human“, токму „Communion“ на „Јирс енд јирс“ беше најбргу продаваниот деби албум на деценијата!

„Communion“ воедно беше и првопласираниот на британската листа на албуми, како и нивниот најпознат хит „King“, кој по продажбата таа година зад себе ги остави сингловите на Ријана, Ели Гоулдинг и Викенд! На главната бина на „Егзит“ ќе ги слушаме нивните хитови „Shine“, „Desire“, „Take Shelter“, „Eyes Shut“ и „Worship“, како и новите песни кои ги пишуваат заедно со електро-поп иконите „Пет шоп бојс“  (Pet Shop Boys).

А на оваа бина, и тоа истата вечер кога настапува и Алан Вокер (Alan Walker), доаѓа уште еден мајстор за хитови, белгиската суперѕвезда „Лост фрикуенсис“ (Lost Frequencies)! Неговите хитови „Are you with me“ и „Reality“ кои бројат стотици милиони прегледи на Јутјуб, ги освоија повеќето европски топ листи. Откако ја воодушеви публиката на фестивалите ширум Европа, вклучувајќи го и фестивалот „Си денс“ минатото лето, на овогодишниот „Егзит“ доаѓа со уште неколку нови хитови меѓу кои се и „Beautiful Life“, како и новата верзија на култниот хит од 90-тите „What Is Love“!

Годинава ќе биде жестоко на главната бина бидејќи холандската „бејс“ суперѕвезда Нојзија (Noisia) доаѓа со своето ново шоу во живо насловен како и аклтуелниот албум „Outer Edges“. Откако екипата на бр.1 „бејс“ магазинот „Ју-Кеј-Еф“ премиерно го погледна ова шоу, во извештајот напиша дека е толку надреално добро, што после тоа веќе никогаш нема да ги измијат очите. А добро упатените во бејс журките на „Егзит“, за овој аудио-визуелен спектакл на кратко ќе ви кажат: вежбајте кондиција! Покрај главната бина, се пополнува и „Фјужн“ бината, која покрај култните панкери „Демд“ (The Damned), годинава ќе ја посети и една принцеза, но не од бајките, туку од њујоршкото гето! Директно од шпанскиот Харлем на тврдината стигнува хип-хоп тандемот „Принцес Нокија“ (Princess Nokia), чиј хит „Kitana“ денес е неизбежен на сите журки кои држат до себе! Овој проект го сочинуваат Дестини Ортиз, раперката чии вештини дојдоа до израз кога нејзиниот звук го презеде Крис Лер, познат по продукцијата за Азалиа Бенкс.

егзит

„Егзит“ веќе ја надмина минатогодишната продажба на влезници!

Иако до фестивалот остануваат уште скоро четири месеци, минатогодишната рекордна продажба на влезници за „Егзит“ е веќе надмината во споредба со онаа во средината на април минатата година! Влезниците за фестивалот „Егзит“ по промотивна цена од 3.580 денари, се продаваат преку МКтикетс и во Југотон (Скопје, ГТЦ, 1 кат). Тимот на „Егзит“ годинава поврзува дури четири фестивали во регионот во единственото „Егзит Лето на љубовта 2017“. Прв во низата е „Си стар“ (Sea Star), кој на 26 и 27 мај ќе се одржи во градот Умаг, следен е фестивалот „Револушн“ (Revolution) во Темишвар на 2 и 3 јуни, а веднаш по „Егзит“од 6 до 9 јули, следува четвртото издание на фестивалот „Си денс“ (Sea Dance) од 13 до 15 јули!



Врати се горе ↑