Аудио article_big_1357916125Dido-NoFreedom-Packshot

14 јануари, 2013

„Нема слобода“ за Дајдо

По пауза од четири години, откако го објави албумот „Safe Trip Home“, британската пејачка Дајдо неодамна го објави првиот сингл „Let Us Move On“, во која гостуваше раперот Кендрик Ламар, а деновиве излезе уште еден сингл, нумерата „No Freedom“ со која го најавува новиот четврт по ред студиски албум насловен „Girl Who Got Away“, закажан за 4-ти март.

Како што вели пејачката, новиот сингл најавува серија песни кои говорат за надежта, скршеното срце и слични тема, а на продукцијата на албумот Дајдо повторно работеше со нејзниот брат Роло Армстронг. „Беше неверојатно забавно да се снима овој албум, воопшто не бев под притисок. Сè беше толку природно и лесно“ – изјавила Дајдо, која на овој материјал работеше во текот на 2011 година. Дел од материјалот го напишала и снимила пред бременоста, а дел после тоа. Влијанието на мајчинството и позитивната енергија се чувствува и на албумот, особено во песната „Go Dreaming“. Како што се наведува, нејзиното вистинско светло доаѓа до израз  во автобиографската песна „Sitting On The Roof Of The World“.

Пејачката ја освои публиката ширум светот со нејзиниот деби албум „No Angel“ од 1999 година, а во текот на досегашната кариера има продадено повеќе од 29 милиони албуми. Во продолжение преслушајте го новиот сингл „No Freedom“.

 

Извор: MTV



Врати се горе ↑