Аудио

15 април, 2016

„Нема правда, нема мир“ е новата песна на Бени и „Нон стоп“

По пауза од речиси една година и темата „Двије ружице“, Бени и „Нон стоп“ деновиве ја објавија својата нова песна насловена „Нема правда, нема мир“, снимена во „Кусур продукција“. За новиот сингл групата наскоро ќе објави и видео запис, на кој работеше Чедо Поповски.

 

Покрај ангажманите со „Нон стоп“, Бени Шаќири во изминатиов период работеше и на заедничкиот материјал со Златко Ориѓански, со кого ќе го објави албумот „Добро утро, госпоѓо“. На изданието веројатно ќе се најдат и претходно објавените „Си беше еднаш“, „Галена“, „Генерале“ и „Лепотице“ (од претставата „Солун, град на духови“), како и „Анице, Анице, љубов моја“, која деновиве се снимаше во Загреб.

зо

Насловна фотографија: Чедо Поповски



Врати се горе ↑