8 мај, 2017

„Нема две“ – Дани со песна за родното Скопје

Дани Димитровска штотуку ја претстави својата нова песна насловена „Нема две“, посветена на нејзиниот роден град, град за љубов, Скопје. Авторка на музиката и стиховите е нејзината долгогодишна соработничка Весна Малинова Бабамова, а аранжманот го направи Кирил Бабамов, кој свири и на бас гитара, а гостуваат и Зоран Костадиновски (гитара), Гишо Динев (тапани) и Бранко Сапламаев (клавијатури). Придужните вокали, пак, ги отпеаја Весна Малинова и Наталија Данаилова, а сето тоа е снимено во студиото „Момироски“.

„Нема две“ стигна во придружба на видео, за кое се користени сцени од првиот колор филм за Скопје, „Градот на Вардар“, снимен во 1962 година, во режија на големиот македонски филмски уметник Бранко Гапо. Обработката и техничката реализација се на Никола Клинчаров, а како звучи и изгледа сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!

дани



Врати се горе ↑