Свет beyonce-super-bowl-501

31 март, 2016

Нема да верувате кој сè гостува на новиот албум на Бијонсе

Се чини дека во центарот на вниманието во моментов е новиот албум на Бијонсе, за што секојдневно се појавуваат секакви нови информации, а обожавателите веќе не знаат во што да веруваат. Имено, после веста дека албумот ќе пристигнел минатиот викенд, сега на интернет се појави фотографија со список од песните за албумот, која е толку неверојатна што човек би помислил дека станува збор за предвремена првоаприлска шега.

Ако може да му се верува на овој документ, на албумот насловен „Formation“ ќе се најдат соработки со Мараја Кери, Френк Оушн, Џеј Зи, Ники Минаж, Канје Вест и како сето тоа да не е доволно, тука е и Адел, која гостува на темата „Lemonade Taste“.

 

1

Дали станува збор за првоаприлска шега, или Бијонсе навистина подготвува албум со ваква ѕвездена екипа, се надеваме ќе дознаеме наскоро.



Врати се горе ↑