Концерт 11022568_837116136367299_5774185777286374420_n

5 мај, 2015

Нема да има гратис карти за „Уан репаблик“ во Скопје!

Бидеќи се приближува денот на одржувањето на концертот, „Авалон продукција“ би сакала да сподели неколку информации.

„По стариот добар обичај (како и за секој концерт) вработените на ’Авалон продукција’ преживуваат вистински терор од сите страни за гратис влезници и за концертот на ’Уан репаблик’ во Скопје. Овој пат нема да биде поделен ниту еден гратис затоа што на нашата молба до менаџментот да ни биде дозволен одреден број на гратис влезници, добивме многу културен одговор во една реценица – ’This is not a complementary tour’ (Ова не комплементарна турнеја) .

Исто така, дека во изминативе две години со развојот на интернетот се појавија на десетици портали што се обидуваат да се акредитираат, би сакале да им одговориме дека за жал не сме во можност на сите да им излеземе во пресрет, затоа што за овој концерт ни се дозволени само 25 новинарски акредитации – правопропорционално на големината на земјата.

Воедно сакаме да ве информираме дека иако до концертот има уште еден месец, повеќе од 60 проценти од капацитетот на салата е веќе распродаден, а многу е веројатно дека до крајот на оваа недела некои категории од влезниците веќе нема да ги има во продажба“, порачуваат од продукцијата.

Концертот на популарната американска група предводена од хитмејкерот Рајан Тедер е закажан за 1 јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Како предгрупа ќе настапи австриската рок атракција „Мејкмејкс“, која ќе ја видиме и на годинешното издание на „Евровизија 2015“, како претставник на домаќинот Австрија. Влезниците за концертот можете да ги набавите преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“, како и онлајн по цена од:

ПАРТЕР – 990,оо денари

ТРИБИНА (СЕДЕЊЕ) – 1200,оо денари

ФАН ПИТ – 1500,оо денари

ВИП – 1500,оо денари



Врати се горе ↑