Аудио nelly

7 јануари, 2013

Нели објави нова песна „Hey Porsche“

Американскиот рапер Нели (Nelly) за оваа година конечно го најави неговиот седми по ред студиски албум „M.O.“, кој и официјално ќе го наследи „5.0“ објавен во 2010 година. Во меѓувреме раперот и пејач претстави два микстејп изданија, „О.Е.МО“ (2010) и „Scorpio Season“ (2012). Иако за сега новиот албум нема официјален датум на објавување, Нели пред два дена претстави една од песните кои можеби доаѓаат од новото издание, и која веќе се споредува со еден од неговите најголеми хитови, песната „Just a Dream“ од 2010 година. Во продолжение преслушајте ја „Hey Porsche“.

Извор: Idolator

 



Врати се горе ↑