Аудио nf

18 јули, 2016

Нели Фуртадо се враќа со нов албум во ноември

Шестиот студиски албум на Нели Фуртадо (и прв после цели четири години) ќе пристигне наскоро. Пејачката неодамна потврди дека наследникот на „The Spirit Indestructible“ од 2012 година е закажан за ноември годинава.

Новото издание ќе содржи песни што Нели ги напишала со гитара, како што направи и со деби албумот од 2000 година, „Whoa, Nelly!“, така што „The Spirit Indestructible“ е нејзиниот „последен поп албум“: „Тоа е како кога ќе цедиш лимон и навистина сакаш да ја добиеш и таа последна капка сок“, рекла пејачката опишувајќи го пристапот на новиот материјал.

Фуртадо деновиве ја објави и темата „Behind Your Back“, но истата нема да се најде на новиот албум: „Тоа е само како чистење на непцата пред главното јадење“, заклучи таа.



Врати се горе ↑