9 јануари, 2013

Нели Фуртадо го претстави новиот спот

Нели Фуртадо го претстави и нејзиниот трет сингл и видео запис од актуелниот албум „The Spirit Indestructible“ објавен во септември. По песните „Big Hoops (Bigger the Better)“ и „Spirit Indestructible“ (за американскиот пазар втор сингл беше „Parking Lot“), изборот за трет сингл падна на песната „Waiting For The Night“. Во спотот за песната чија продукција ја потпишува познатиот Родни „Даркчајлд“ Џеркинс, можеме да ја видиме Фуртадо во „фламенко/зомби“ издание. Погледнете како изгледа Нели „Чекајќи ја ноќта“.

Извор: Idolator/MTV

 



Врати се горе ↑