24 февруари, 2013

Нели Фуртадо го претстави „Bucket List“

Како што пишува магазинот Idolator, иако Нели Фуртадо со актуелното издание „The Spirit Indestructible“, нејзиниот петти студиски албум кој го претстави во септември минатата година, можеби не постигна успех на топ листите, како што тоа го направи со некои од претходните изданија, но пејачката во претходните неколку месеци претстави серија од доста интересни видео записи. Најновиот е за четвртиот европски сингл од популарниот „T.S.I.“, песната „Bucket List“.

Продукцијата на песната ја потпишува познатиот Родни „Даркчајлд“ Џеркинс, додека за режијата беше задолжен Арон Еј. Веселиот видео запис можете да го погледнете горе.

 Извор и фото: Idolator/MTV.rs



Врати се горе ↑